Услуги

На овој дел од веб сајтот ќе дознаете повеќе за тоа кои се нашите услуги

Брокерска куќа ЕУРОХАУС АД Скопје, согласно законот за Хартии од Вредност има дозвола да ги врши следниве видови услуги со хартии од вредност:


- купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на Клиентот
- дејствување како покровител при котација
- инвестициско советување

ЕУРОХАУС Ви овозможува брзо и едноставно да купите или продадете акции или обврзници. Овластените брокери на ЕУРОХАУС се обучени професионално и динамично да одговорат на Вашите потреби.

Потребни документи за склучување на Договор за посредување:


Физички лица
– Лична карта или пасош
– Трансакциска сметка
Правни лица
– Тековна состојба од Централен регистар
– Лична карта на овластено лице
– Одлука за тргување со хартии од вредност
– Жиро сметка на правното лице(фирма).

Како да купам/продадам акции или обврзници?


Склучувате Договор за посредување
– Вршите уплата на средства на клиентската сметка на ЕУРОХАУС (при купување)
– Потпишувате налог за купување/продавање на соодветните хартии од вредност
– Средствата од продажба ги префрламе на Вашата трансакциска сметка (T+3)
– За секоја склучена трансакција со акции/ обврзници добивате Извештај од купопродажба

При купување: Однапред се врши уплата на потребните средства за купување на хартиите од вредност вклучително со провизиите на клиентската сметка на ЕУРОХАУС во НБРМ со број 100-0000000715-34, со цел на дознака: „за купување на х.в за клиент бр.____“.
Кликнете тука за да ја погледнете уплатницата

При продавање: Од вредноста на продадените хартии, се одбива сумата потребна за провизиите(берзанска,депозитарна,брокерска) и се врши исплата на нето вредноста на Вашата трансакциска сметка на третиот работен ден од денот на склучувањето на трансакцијата (Т 3).

Поим за акции и обврзници


Акцијата е дефинирана како сопственичка хартија од вредност, која претставува неделив и идеален дел од основната главнина на акционерското друштво или командитното друштво со акции.
Акцијата ја карактеризираат неколку различни вредности:
Првата вредност е номиналната вредност на акцијата. При основањето на акционерското друштво, основниот акционерски капитал се дели на одреден број на акции, при што секоја акција има номинална вредност. Збирот на тие вредности го сочинува основниот капитал на друштвото. Согласно позитивните законски прописи во Република Македонија номиналниот износ на една акција не може да биде помал од едно евро.
Другата вредност на акциите е книговодствената вредност на акциите, која е пресметана од билансните податоци на акционерското друштво, како однос меѓу вкупниот капитал и бројот на издадени акции.
Третата вредност на акциите е нејзината пазарна вредност, што ја утврдува секундарниот пазар врз основа на понудата и побарувачката за одделната акција.
Централниот депозитар за хартии од вредност согласно позитивните законски прописи е надлежен за водење евиденција на сите издадени емисии на акции од страна на акционерските друштва во Република Македонија.
Кликнете тука за да ги прегледате акциите кои котираат на македонската берза.

Обврзница е хартија од вредност со која издавачот се обрзува дека на имателот на обврзницата, односно на лицето означено на обврзницата еднократно или на рати, односно ануитете, ќе му го исплати на одредениот ден износот на номиналната вредност и каматата. Исплатите на каматата можат да варираат за време на животниот век на обврзницата.Како издавачи се јавуваат државата, општините и друштвата. Обврзниците со достасување помало од 1 година се нарекуваат краткорочни, а над 1 година долгорочни.Со законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (Службен весник на РМ бр.37/02) се уредува начинот и постапката на издавање на обврзниците за денационализација кои се даваат како надомест за имот одземен од државата.
Номиналната вредност на обврзницата е износот кој барателот по основ на денационализација го добива како обештетување.

Карактеристики на обврзницата:
• Номинална вредност на обврзницата изнесува 1 (едно) евро во денарска противредност.
• Се отплатува во 10 годишни рати кои се исплатуваат на 1 јуни (Ануитет=рата камата).
• Каматата на обврзниците се пресметува на остатокот на расположливата главнина и се исплатува еднаш годишно со каматна стапка 2%.
• Каматата се исплатува во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Р.Македонија на денот на исплатата.
• Тргувањето со обврзници е во проценти од номиналната вредност.(пример 90% од 1 евро)
• Приходите по основ на продажба на обврзници за денационализација не се оданочуваат.
• Побарувања врз основа на обврзниците не застаруваат.

Намени за користење на обврзниците:
• Акции и удели на компании кои ги поседува Агенцијата за приватизација
• Акции и удели на компании кои се резервирани за поранешните сопственици согласно Законот за трансформација на претпријатиа со општествен капитал
• Побарувања на Агенцијата за санација на банка од компаниите, а кои се предмет на продажба
• Купување на државен имот кој е понуден за продажба и за чиј откуп е предвидена можноста за плаќање со обврзници
• Купување на акции и удели на државен капитал во процесот на негова приватизација
• Плаќање на надомест за концесија на државен имот
• Купување или плаќање на закуп на државен имот
• Плаќање на обврски кои произлегуваат од Законот за издавање на обврзници
• Друг еквивалент на сопственост определен со закон

Преглед на издадени обврзници во Р.Македонија по години на издавање и достасување.